Сампаоли: Немам намера да си одам, ова испаѓање ќе ме направи подобар тренер

Аргентинскиот селектор Хорхе Сампаоли нема намера да се повлече од клупата на „гаучосите“ и покрај елиминацијата во осминафиналето на Светското првенство во Русија.

„Уште е рано за било какви анализи, но немам намера да си одам од селекторската позиција“ – соопшти Сампаоли на прес-конференцијата по мечот со Франција.

„Болно е да се испадне на Светско првенство во оваа фаза, посебно кога знаете дека фудбалерите дадоа се од себе на терен. Верувавме дека можеме до четвртфинале, но не успеавме“ – рече Сампаоли, дополнувајќи дека овој пораз ќе го направи подобар тренер.

„Оваа елиминација ќе ме направи подобар тренер. Дојдов тука со големи амбиции, верував дека можеме и да го освоиме Светското првенство и навистина сум малку фрустриран. Но, таков е фудбалот“ – истакна аргентинскиот селектор.

Се вчитува...