Сампаоли реши жестоко да одговори: Јас сум селектор, а не Меси или некој друг!

Возбудувањата на Светското првенство во Русија продолжуваат денеска со осминафиналните пресметки. Прв во серијата големиот дуел од 16 часот меѓу Франција и Аргентина.

„Гаучосите“ се провлекоа низ групната фаза и со доста среќа, додека Французите не се покажаа баш во најдобро светло. Кај Аргентинците изминативе десеттина дена најмногу на удар беше селекторот Хорхе Сампаоли за кого медиумите на големо пишуваат дека е само формално селектор, а одлуките во тимот ги носат фудбалерите, односно пред се Лионел Меси и Хавиер Маскерано.

По мечот со Нигерија во јавноста се појави и видео на кое се гледа дека Сампаоли го прашува Меси дали е момент да го воведе во игра Агуеро. Меси само клима со глава, за да неколку минути подоцна Агуеро веќе биде во нападот. Но, на сето тоа се одлучи да одговори и самиот Сампаоли…

„Не знам како може некој постојано само да измислува лаги… Да, се сеќавам на тој разговор со Меси, но тоа што го зборувам јас со фудбалерите е само наша работа. Тоа беше едноставно замена и ништо повеќе. Му кажав дека се мора да користиме отворена напаѓачка стратегија и тоа беше се. Апсолутно ништо не прашував. Јас сум единствено селектор и тренер на Аргентина, а не Меси или било кој друг фудбалер“ – порача Сампаоли.

Се вчитува...