Сампдорија го растури Наполи, минимален триумф за „лацијалите“

Наполи имаше лоша вечер на гостувањето во Џенова и загуби од Сампдорија со убедливи 3-0. Тимот на Карло Анчелоти делуваше загубено, а тоа домаќинот знаеше да го искористи.

Дефрел ги постигна првите два гола за Самп, а потоа ветеранот Квалјарела ги докрајчи „наполитанците“.

Лацио славеше минимално против Фросиноне со 1-0. Стрелец на победничкиот гол беше Луис Алберто во 49.минута од дуелот. Калјари ја изненади Аталанта со триумф на гости. Барелја погоди за 0-1 во 45.минута и за важни три бода за гостите.

Џенова на Горан Пандев загуби од Сасуоло со 5-3, а Македонецот беше стрелец на вториот гол за неговиот тим. Два гола за Џенова постигна Пјатек, а

Резултати Италија: Аталанта – Калјари 0-1, Киево – Емполи 0-0, Лацио – Фросиноне 1-0, Сампдорија – Наполи 3-0, Сасуоло – Џенова 5-3, Фиорентина – Удинезе 1-0.

Се вчитува...