Сампдорија немоќна против Аталанта

Аталанта ја забележа третата калчолигашка победа во низа триумфирајќи на денешното гостување против Сампдорија со 0-2. Самп пред еден месец го зеде скалпот на Интер, но не успеа да го повтори подвигот и против расположените гости од Бергамо, кои остануваат во трката за висок пласман и во оваа калчолигашка сезона.

Малиновски го отвори резултатот со прекрасен удар пред крајот на првото полувреме, а конечните 0-2 ги постави Фројлер, решавајќи ги сите дилеми околу победникот на овој натпревар.

Тимот од Бергамо со овој триумф се израмни по бројот на бодови со Јувентус (по 46), но „старата дама“ има меч помалку, оној одложениот со Наполи од првиот дел од сезоната.

Се вчитува...