Сампдорија со „петарда“ ја плати елиминацијата на Милан од ЛШ (ВИДЕО)

За елиминацијата од Лигата на шампионите од Интер, Милан се „истури“ врз последнопласираната Сампдорија, која веќе е во Серија Б. Вечерва на свој терен „росонерите“ со „петарда“ го почастија фенерџијата, и така останаа во трка за четвртото место и пласман во ЛШ следната сезона.

Леао го донесе Милан во предност, а потоа искусниот Кваљарела израмни во 20. минута. Три минути подоцна Жиру донесе нова предност, а истиот играч од пенал во 29. минута зголеми на 3-1.

Брахим Диаз во 63. минута донесе и 4-1, а во 68. минута Жиру го комплетираше својот хет-трик.

Се вчитува...