Самсоненко и Шилегов, гробарите на Вардар (ФОТО)

Навивачката група Комити вечерва објави слика што е фотомонтажа, на која се претставени лицата кои тие ги сметаат за „гробари на ФК Вардар“, поранешниот газда Сергеј Самсоненко и Градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов.

Комити повторно предупредуваат на договорено сценарио за згаснување на најтрофејниот фудбалски колектив, како единствен начин за бришење на огромните долгови што ги направи Самсоненко со своите најблиски соработници додека раководеше со „црвено-црните“.

Најновото соопштение на Комити го пренесуваме во целост:

 

Моменталната ситуација во Вардар во една слика…
Решиле да го погребаат оние кои имаат ингеренции, власта но и актуелното раководство, а зошто? Па логика:
⏩Со исчезнувањето на Вардар, исчезнува и обврската за плаќање на долгот. И доколку повторно се формира таков Вардар каков што го знаеме, и некој ден настапи повторно во прва лига, ќе мора да го наследи долгот плус каматите. Во спротивно, доколку не ги плати:
❌ќе мора да има додавка на името,
❌Ќе мора да има промена на боите,
❌Ќе мора да игра на оддалеченост од 60км од сегашната локација.
❌ќе му се избрише цела историја и ќе настапи ко новоформиран клуб.

⏩Од друга страна со исчезнувањето на Вардар, актуелната власт калкулира дека:
❌ ќе исчезне последниот бастион на Македонскиот идентитет.
❌ ќе почне да исчезнува Македонското национално ткиво, а со тоа и потенцијалните иницијатори за враќање на уставното име и гонење на оние инволвирани во неговата промена,
❌? со туркањето на Вардар во втора а потоа со калкулираното згаснување на Вардар, ќе ослабне а потоа и со време ќе исчезне навивачката група Комити.
Но има еден проблем. Нам нема да ни смени ништо дали Вардар игра во прва, втора или последна лига. Ние ќе бидеме секако посилни. Тоа е неизбежен процес, и веројатно поради тоа ќе треба да ги боли глава сите оние кои (доколку) имаат такви болни мисли.
Логиката и чекорите кои се преземаат или не-преземаат, укажуваат на една работа, а таа е – ДА, ДОГОВОРЕНИ СЕ ! За жал договорени се да го погребаат! Договорени се да го испратат во историјата !
Дали ќе успеат? Сите механизми се на нивна страна – Држава, моќ, пари, влијание, власт, опозиција, сопственост, ингеренции, партии, институции…Се освен еден и единствен, а тоа е НАРОДОТ !
Само народот може да ги спречи, затоа што ВАРДАР Е НА НАРОДОТ !!!
Доколку народот застане, ВАРДАР ЌЕ ПОБЕДИ, тоа го гарантираме, затоа што ние ќе бидеме во првите борбени редови…

Се вчитува...