Сан Пабло Бургос е освојувач на кошаркарската Лига на шампиони

Шпанскиот Сан Пабло Бургос е освојувач на кошаркарската Лига на шампиони. Шпанскиот клуб во финалето на Ф8 турнирот кој се играше во грчка Атина, го совлада домашниот АЕК со 85-74. Тадеус Мекфаден со 18 поени, надополнети со 6 скока и 5 асистенции беше најдобар поединец во победничкиот тим, а поради одличните партии на целиот турнир го доби и признанието за најкорисен кошаркар. Кај поразените Тајрис Рајс го заврши мечот со 17 поени.

Претходно во мечот за третото место француски Дижон ја совлада шпанска Сарагоса со 70-65.

Се вчитува...