САН: Жестоки караници во соблекувалната на Манчестер Јунајтед по поразот од Брајтон

Поразот на Манчестер Јунајтед од Брајтон на домашен терен, предизвика скандали во соблекувалната на тимот од Олд Трафорд, пренесува весникот „Сан“. Изданието тврди дека Бруно Фернандес разговарал со Скот Мектомини на висок тон. Истото било и меѓи Мартинез и Линделоф.

Ситуацијата ескалирала до толку што морало да реагира и тренерот Ерик Тен Хаг и да ја смирува ситуацијата после тешкиот пораз.

Претходно Јунајтед ги суспендираше Ентони и Санчо, едниот поради наводи за сексуален напад, другиот поради недисциплина.

Во меѓувреме легендата на клубот Гери Невил, исто така ја коментираше соблекувалната на тимот, особено после последните недели каде што тимот не бележи резултати како што се очекуваат.

Се вчитува...