Санчез Флорес не издржа ни три месеци во Ватфорд

Кике Санчез Флорес доби отказ од менаџерската функција во Ватфорд, неполни три месеци откако на клупата на овој клуб го наследи Хави Грасија. Шпанскиот стратег на 7 септември се врати на кормилото на клубот што го водеше во сезоната 2015/16, но не ја донесе посакуваната „шок-терапија“.

Во изминатите десет премиерлигашки натпревари Санчез Флорес забележа само една победа, а по вчерашниот пораз од Саутемптон тимот остана закован на дното на табелата.

„Кике е човек со огромен интергритет, на сите ни е јасно колку сакаше да остави позитивна трага и да го разбуди тимот, но јасно е дека на крајот решавачки се резултатите“ – изјави претседателот Скот Даксбери.

Главен фаворит за нов менаџер на Ватфорд е Крис Хјутон.

Се вчитува...