Санчез, Мхитарјан, Бакајоко, Линделоф…меѓу разочарувањата во Премиер-лигата

Поминаа 19 кола во Премиер – лигата на Англија, точно половина од шампионатот, а Goal.com ги одреди и најголемите разочарувања во првиот дел од сезоната. Во овој тим навистина звучни имиња, меѓу кои се и Алексис Санчез, Хенрик Мхитарјан, Тиму Бакајоко…

Единасетмината кои најмногу разочараа ги предводи Џо Харт (Вест Хем) на голот. Во одбраната се Вилијамс (Евертон), Линделоф (Манчестер ј.), Соареш (Саутемптон), Роуз (Тотенхем). Во средниот се вброени Шелви (Њукасл), Санчез (Свонси), Бакајоко (Челси), Мхитарјан (Манчестер ј.). Во нападот се Алексис Санчез (Арсенал) и Кристијан Бентеке (Кристал Палас).

Тимот е составен на основа на квалитетот на фудбалерите и очекувањата што јавноста од нив ги имала во пресрет на стартот на сезоната.

 

Се вчитува...