Санчо ја однесе Борусија Дортмунд во полуфиналето од Купот на Германија

Борусија Дортмунд се пласираше во полуфиналето од Купот на Германија откако вечерва славеше на жешкиот терен против Борусија Менхенгладбах со 0-1.

„Милионерите“ одиграа невообичаено квалитетно во одбраната, не им дозволија на домашните напаѓачи да влезањт во ритам, па за триумф на овој меч доволен им беше погодокот што Џејдон Санчо го постигна во второто полувреме. Халанд имаше еден поништен гол при 0-0, а норвешкиот голгетер промаши зицер при 0-1 во обид да стави печат на триумфот, што сепак остана неказнето од домашните фудбалери.

Вториот четвртфинален дуел што требаше да се игра денеска, меѓу Регенсбург и Вердер Бремен е одложен.

Се вчитува...