Санчо се враќа во Дортмунд?

Борусија Дортмунд повторно покажува интерес за Џејдон Санчо , објави „Скај Спортс“. Германскиот клуб упатил барање до Манчестер Јунајтед во врска со ситуацијата со англискиот репрезентативец.

„Жолто-црните се меѓу неколкуте клубови кои ги следат случувањата околу Санчо. Крилниот напаѓач се врати на „Олд Трафорд“ откако Челзи „ја одби опцијата да го купи на крајот од неговиот позајмен период“.

Санчо помина четири сезони во Борусија Дортмунд пред да се пресели во Манчестер Јунајтед во летото 2021 година за 73 милиони фунти. Тој повторно играше за Борусија како позајмен играч во втората половина од сезоната 2023/24.

И Јунајтед и играчот се отворени за траен трансфер ова лето, но со оглед на неговата висока плата, не е исклучена можност за нов договор за позајмица.

Се вчитува...