Санчо веќе не е приоритет на Јунајтед, Солскјер тргнува по Осман Дембеле

Манчестер Јунајтед очајно ја стартуваше новата сезона во Премиер-лигата. „Црвените-ѓаволи“ на отворањето на сезоната на „Олд Трафорд“ загубија од Кристал Палас со 1-3. Очигледно е дека Оле Гунар Солскјер има проблеми на неколку позиции бидејќи нема доволен избор. Една од тие позиции е крилната на која до крајот на трансфер рокот мора да доведе некое засилувања.

Како прва опција цело лето се споменуваше Џејдон Санчо, но како што пренесуваат англиските медиуми тој веќе не е приоритет за раководството на Јунајтед. Тие сега ќе се обидат да го доведат Осман Дембеле од Барселона.  Дембеле веројатно нема да биде дел од замислите на Роналд Куман на „Камп ноу“, па затоа и за двете страни би било одлично доколку би успеале да се договорат за неговите услуги.

Французинот во Барселона стигна во 2017 година од редовите на Борусија Дортмунд. Иако по заминувањето на Нејмар се очекуваше да биде стандарден првотимец тој во овие три години забележа само 51 настап на кој постигна скромни 12 гола.

Се вчитува...