Сандро Тонали на крајот за 100 милиони заврши во Тотенхем

Премиерлигашот Тотенхем постигна договор со Њукасл за трансферот на италијанскиот репрезентативец Сандро Тонали за сума од 100 милиони фунти.

Лондонскиот клуб обезбеди огромно засилување во средниот ред по интензивни преговори кои завршија со дефинитивен договор меѓу двете премиерлигашки страни. Фиксната отштета која Тотенхем ќе ја исплати веднаш изнесува 92.5 милиони фунти, додека преостанатите 7.5 милиони фунти се предвидени преку остварливи бонуси и дополнителни клаузули во зависност од тимските успеси и индивидуалните настапи на фудбалерот.

Овој мега-трансфер претставува еден од најскапите во историјата на Тотенхем со кој клубот јасно ги потврдува своите високи амбиции за напад на врвот на табелата. Се очекува Тонали во следните денови да ги помини задолжителните медицински прегледи по што и официјално ќе стави потпис на повеќегодишен договор со тимот од Северен Лондон.

Се вчитува...