Санс преку пресврт до десетта победа во низа, Минесота ја „торпедираше“ Јута!

Кошаркарите на Санс не попуштаат, па му подарија место на ол-стар на нивниот тренер Монти Вилијамс. Овој тим ја обезбеди својата десетта последователна победа во НБА. Тие го свртеа натпреварот против Спарс, од -12 во последната четвртина до уште еден триумф (115-110). Девин Букер постигна 28 поени, Бриџис 26 (најмногу во тековната сезона). Букер запиша две тројки во последните 100 секунди, Сан Антонио скапо ја продаде кожата, но лидерот во НБА сепак беше многу подобар.

Минесота ја победи Јута со 126-106, фантастичен натпревар одигра Таунс, кој направи трипл дабл, запишувајќи 31 поен, 11 скока и 10 асистенции, Џејден МекДаниелс додаде 22 поени од клупата.

Орландо го преживеа седмиот трипл-дабл на Дончиќ во сезоната, 34 поени, 12 скока и 11 асистенции за Словенецот. Лука го завеи својот 43 трипл дабл. Херојот на победата на Меџик беше Франц Вагнер, кој ги постигна победничките кошеви.

Резултати:

Детроит – Кливленд 115:105
Милвоки – Денвер 100:136
Орландо – Далас 110:108
Минесота – Јута 126-106
Феникс – Сан Антонио 115:110
Атланта – ЛА Лејкерс 129:101
Шарлот – ЛА клиперс 90:115
Чикаго – Портланд 130:116

Се вчитува...