Сантијаго Солари пронајде нова работа

Поранешниот тренер на Реал Мадрид, Сантијаго Солари е близу до нов ангажман. Шпанецот без работа е од март 2019, кога го напушти „Сантијаго Бернабе“, а неговиот следен ангажман ќе биде во Ерменија.

Наводно Солари е во преговори да ја преземе фудбалската репрезентација на Ерменија, каде на селекторското столче би го заменил Абрахам Кашмајан кој наводно наскоро би требало да го раскине договорот. Претходните месеци Солари беше поврзуван со новиот МЛС тим на Дејвид Бекам, Интер Мајами, но сега е веќе извесно дека неговата следна работа ќе биде на клупата на Ерменија.

Солари на клупата на Реал Мадрид помина четири и пол месеци. Ги водеше „кралевите“ на 32 натпревари, од кои на 22 триумфираше, две завршија нерешено, а осум пати беше поразен.

Се вчитува...