Сантош: Фокусот ни е на Турција, но убеден сум дека Португалија ќе оди во Катар на СП

Фудбалската репрезентација на Португалија не успеа да ја оправда фаворитската улога во квалификациската група, па виза за следното Светско првенство ќе мора да бара преку бараж-турнирот, а првата пречка за Ронало и компшанија ќе биде слекецијата на Турција.

Со евентуална победа во финалето, освојувачот на европската круна на претпоследниот континентален собир ќе се судри или со Италија или со нашата селекцијата. И покрај тоа што сега патот од Катар е многу потежок за „европските бразилци“, селекторот Фернандо Сантош е оптимист дека неговите избраници ќе истрчаат на планетарниот собир.

„Во овој момент треба да се фокусираме на дуелот со Турција. Се игра еден натпревар и немаме право на кикс. Позитивно од ждрепката е тоа што ќе играме пред својата публика, но тоа не треба да значи дека сме сигурни патници во финалето. Турција е квалитетна селекција со одлични играчи, но честопати знае да не функционира како тим. Токму тука е нашата шанса и убеден сум дека ќе го обезбедиме посакуваниот пласман на Мундијалот“, рече искусниот стратег.

Полуфиналните натпревари од европскиот бараж за Светскот првенство се играат на 24 март следната година, додека финалињата се закажани за пет дена подоцна.

Се вчитува...