Сапунџиев: Ќе му се реваншираме на Гостивар за поразот во првиот дел од сезоната

Прволигашката кошарка во Македонија продолжува денеска со натпреварот помеѓу Пелистер и Гостивар во салата „Боро Чурлевски“ во Битола каде од 18 часот каде двата тима ќе се обидат да го заборават поразот од МЗТ Скопје, односно Феникс 2010 на крајот на 2022 година и триумфално да влезат во 2023 година.

„Зелено-белите“ имаат и дополнителен мотив за победа по поразот на гостувањето во Гостивар, нешто за што говореше и Иван Сапунџиев во пресрет на мечот.

„Трениравме напорно во претходните две недели. Очекуваме победа на оваа средба и на еден начин да му вратиме на противникот за поразот во првото коло. Атмосферата е одлична, Маслинко одлично се вклопи во тимот и сигурно ќе ни биде од голема помош во предизвиците кои што ни следуваат. Спремни се за овој дуел“, изјави Сапунџиев.

Интересно, деби во „зелено-белиот“ дрес ќе има Андреј Маслинко кој го засили вицешампионот токму од редовите на Гостивар.

Се вчитува...