Сапунџиев: Со тимска игра, борбеност и енергија сакаме до плеј-офот

Нова сезона, нови предизвици и нови лични амбиции. Во пресрет на стартот на МТЕЛ Суперлигата, во серијалот „3х3 прашања“ ги ставаме во фокус играчите од десетте екипи кои ќе се борат за бодовите, победите и што подобар пласман.

Како се подготвени за новата сезона, што очекуваат од себе и кои се нивните лични цели? Одговорите на трите прашања ги откриваат нивните очекувања, мотиви и погледи кон сезоната која следува.

Во пресрет на првиот натпревар – три прашања, три одговори и лична порака од играчите на МТЕЛ Суперлигата.

1. Кои се амбициите на вашиот тим во новата сезона?
2. Кое ќе биде најголемото оружје на вашата екипа?
3. Што очекувате од новата МТЕЛ Суперлига?

ИВАН САПУНЏИЕВ (КАПИТЕН НА ПЕЛИСТЕР)

1. „Амбициите на нашиот тим се место кое води во плеј-оф за оваа сезона“

2. „Најголемото оружје во оваа сезона ќе ни биде тимската игра, борбеност и енергија“

3. „Очекуваме голема неизвесност и изедначеност во супер лигата“

Се вчитува...