Сара Ристовска најдобар стрелец на „Трофеј Македонија“

Македонската репрезентативка Сара Ристовска е добитничка на наградата за најдобар стрелец на „Трофеј Македонија“, апсолутно заслужено со оглед на одличните изданија на нашата најдобра ракометарка во изминатите три дена во Охрид.

Таа влезе во денешниот дуел со 16 гола во првите две рунди, против Хрватска постигна уште шест погодоци и со вкупно 22 гола дојде до ова признание.

МВП признанието за најкорисна ракометарка на овој шампионат и припадна на Црногорката Ивана Савиќ, додека најдобра голманка на турнирот е Луција Бешен од Хрватска.

Првото место на овој турнир и припадна на селекцијата на Црна Гора, втора беше Македонија, пред Хрватска и Србија.

Се вчитува...