Сараево сака да го задржи Крсте Велкоски, но тој има понуди и од Далечниот Исток

Македонскиот фудбалски интернационалец Крсте Велкоски има понуда од Сараево за продолжување на договорот. Раководството на клубот сака да го задржи во своите редови капитенот на „бордо“ тимот, со оглед дека има само уште шест месеци од актуелниот договор. Но, од друга страна, како што истакнуваат босанските медиуми, Крсте Велкоски има понуди и повторно да замине на Далечниот Исток.

Велкоски го носеше дресот на Сараево во периодот од 2014 до 2016 година, а потоа замина во Јужна Кореја, во тимот на Инчеон јунајтед. Сега повторно има понуди да се пресели во Јужна Кореја. Потоа играше и на Тајланд, а од 2017 повторно е во составот на Сараево и ја носи капитенската лента.

Се вчитува...