Сари: Од телевизија дознав дека сум добил отказ во Наполи

Италијанскиот стратег Маурицио Сари го предводи Челси во својата прва сезона на „Стемфорд бриџ“, а се наврати и на периодот кога се раздели со Наполи. Откри неверојатна вест, дека всушност гледајќи телевизија дознал дека добил отказ.

„Точно е, јас гледајќи телевизија дознав дека веќе нема да бидам тренер на Наполи. Имав дилеми дали да продолжам, но имав и клаузула во договорот и не можев да си заминам самостојно. Претходно и немав разговори на оваа тема со претседателот на клубот. Се надевам дека Анчелоти сега ќе има подобра комуникација со Де Лаурентис. Јас сега сум максимално посветен на мојата работа во Челси и гледам на тоа како огромен предизвик“, изјави Маурицио Сари.

Челси оствари максимални четири победи во првите четири кола од новиот шампионат во Премиер – лигата.

Се вчитува...