Сари: Роналдо со мене постигна најмногу голови во Серија „А“

Актуелниот тренер на Наполи, Маурицио Сари зборуваше за времињата кога работеше со Кристијано Роналдо во Јувентус. Со него беше во сезоната 2019/2020, кога Португалецот беше дел од тимот од Торино.

„Кристијано постигна најмногу голови со мене, кога јас бев тренер. Беше подготвен да игра класичен напаѓач на одредени натпревари, но сакаше само да игра. Роналдо постигнуваше 35-40 гола кога играше поблиску до крилото, со оглед на начинот на кој тој игра“, рече Сари.

Роналдо на 46 настапи со Сари, постигна 37 гола. Оваа сезона се врати во Манчестер Јунајтед.

Се вчитува...