И Марио Балотели е опција за Наполи

Наполи се интересира за услугите на напаѓачот на Ница, Марио Балотели. Лидерот во Серија А сака да го доведе италијанскиот голгетер на „Сан Паоло“ како слободен играч, откако на лето ќе му заврши договорот со францускиот прволигаш.

Балотели доживува ренесанса во својата кариера откако го облече дресот на Ница, веќе втора сезона ја одржува својата голгетерска форма, па Сари смета дека токму Марио ќе донесе квалитет во неговите напаѓачки опции. 27-годишниот фудбалер постигна 33 погодоци на 49 меча за Ница откако пристигна како слободен играч, а се уште нема одлучено дали по вторпат ќе го продолжи својот престој на француската ривиера, или пак оди во потрага по нова средина.

Балотели со својот тим на почетокот од оваа сезона се пресмета со Наполи во плеј-оф натпреварите за влез во групната фаза во ЛШ, каде избраниците на Сари без поголеми проблеми обезбедија пласман во следната рунда, додека Балотели со Ница се утеши со учество во Лигата на Европа.

 

Се вчитува...