Саша Богдановиќ е нов претседател на Шаховската федерација на Македонија

Поранешниот градоначалник на Центар, Саша Богдановиќ е избран за нов престедател на Шаховската Федерација на Македонија на Изборното Собрание кое се одржа во хотелот „Александар Палас“ во Скопје.

Богдановиќ доби безрезервна поддршка од делегатите на собранието кои потенцираа дека со „своето знаење и искуство ќе придонесе за развојот и афирмацијата на шахот во Македонија“.

Шаховската Федерација на Македонија го усвои и календарот за натпревари за 2022 година. Во календарот се вклучени турнири кои ќе се организираат во Македонија од страна на ШФМ, но и од други клубови и здруженија, како и значајни меѓународни турнири.

Се вчитува...