Сасуоло по Милан, го зеде и скалпот на Аталанта

Сасуоло продолжува да им биде кошмар на кандидатите за висок пласман во Калчо-лигата, откако по големиот триумф над Милан на „Сан Сиро“ минатиот викенд, овој тим вечерва го зеде и скалпот на Аталанта (1-0).

Тимот од Бергамо имаше можност со победа вечерва да се искачи на второто место на табелата, но избраниците на Гасперини не само што не го сторија тоа, туку покажаа немоќ во противничкиот шеснаесетник и на крајот заслужено го загубија натпреварот.

Голем проблем за гостите дефинитивно беше црвениот картон на дефанзивецот Меле заработен уште во првото полувреме. Со играч помалку на теренот тимот од Бергамо не успеа да направи подвиг, па на Сасуоло му беше доволен еден гол, оној на Лориенте во 55. минута за да стигне до нова голема победа.

За проблемите на Гасперини да бидат уште поголеми, црвен картон во 96. минута заработи и напаѓачот Муриел, кого исто така сега го очекува суспензија и принудно отсуство од терените.

Се вчитува...