Саторански ја шокираше Канада, Грција преку Турција до финале на квалификациите за ЛОИ (ВИДЕО)

Томас Саторански е херојот на Чешка во победата по продолжанија од 101-103 против Канада во полуфиналниот натпревар од квалификациите за Летните олимписки игри кои ќе се одржат во Токио овој месец.

Искусниот бек ја осигура победата со поени од поле на секунда пред крајот на натпреварот, откако претходно Ендру Вигинс на сличен начин обезбеди дополнителни пет минути за Канаѓаните.

Во финалето од групата која се игра во Викторија, Чесите вечерва од 1 часот по полноќ ќе се сретнат со Грција која славеше во полуфиналната пресметка против ривалот Турицја со убедливи 63-81. Клучно за победата на нашиот јужен сосед беше првата четвртина која избраниците на Питино ја добија со 22-8.

Во останатите три финални натпревари, Словенија од 18 часот и 30 минути во Каунас ќе се сретне со Литванија, Германија и Бразил од 19 часот и 30 минути ќе го бараат своето место на ЛОИ во натпревар кој ќе биде одигран во Сплит, додека на турнирот во Белград, Србија ќе се обиде да стигне до нови Игри на мечот против Италија од 20:30.

Се вчитува...