Саудијците му „фрлија око“ на уште еден Хрват

Откако Лука Модриќ ја одби можноста да оди во Саудиска Арабија и да заработи многу пари, Саудијците не се откажуваат од можноста да ангажираат Хрват во своите редови.

Сега на „мета“ на клубовите од оваа земја е Иван Перишиќ, кој е пред заминување од таборот на Тотенхем. Првите контакти наводно се воспоставени, а станува збор за клубот на Ал-Хилал.

Договорот на Перишиќ со Тотенхем истекува идната година, но не е проблем за Саудијците да платат отштета за неговиот потпис. Во штотуку завршената сезона, Перишиќ постигна само еден гол за лондонскиот тим во 44 одиграни натпревари.

Ал-Хилал претходно се обиде да го доведе Лионел Меси, но Аргентинецот на крајот се одлучи за Интер Мајами.

Се вчитува...