Саудиска Арабија размислува да го замени селекторот Јоргос Донис откако беше елиминиранa од Светското првенство.
Како што објавија локалните медиуми, грчкиот стручњак би можел да ја плати цената на елиминацијата веќе во групната фаза, бидејќи Саудиска Арабија освои само два бода во три натпревари. Ремито против Уругвај и Зеленортски острови, заедно со тешкиот пораз од Шпанија, не беа доволни за пласман во нокаут фазата.
Дополнително, јавноста ја критикуваше посветеноста, изборот на играчи, па дури и тактиките што ги промовираше Донис. Раководството на Федерацијата сериозно размислува за прекин на соработката со Донис како дел од пошироката реорганизација на националниот тим, додека конечната одлука треба да се донесе во наредните денови.
Главен кандидат за негов наследник е искусниот португалски стручњак Хорхе Жесус, кој многу добро го познава саудискиот фудбал. Искусниот тренер го предводеше Ал Наср до титулата шампион на Саудиска Арабија минатата сезона.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
