Саудиска Арабија е последната репрезентација што се реши за неочекувана тренерска смена непосредно пред СП 2026 откако Французинот Ерв Ренар објави дека е сменет од селекторската функција.
Ренар го одработуваше својот втор мандат, откако првиот беше од 2019 до 2023 година, за да се врати на чело на Саудиска Арабија кон крајот на 2024, по отказот што му беше врачен на Роберто Манчини.
Францускиот стратег кој на ланскиот мундијал успеа со Саудиска Арабија да ја совлада Аргентина, по камбекот успеа да ја одведе оваа селекција до нова мундијалска виза, но тој нема да го води овој национален тим на претстојните средби од СП, против Шпанија, Уругвај и Зеленортските острови.
„Таков е фудбалот, Саудиска Арабија се квалификуваше за СП седум пати, од кои два пати со мене. Јас сум единствениот селектор што ја водел репрезентацијата низ цели квалификации и потоа на мундијал, оној во 2022. Барем си заминувам со таа гордост“, порача Ренар.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

