Саудиците „клекна“ пред легендата – Роналдо останува во Ал Наср

Кристијано Роналдо го прекина бојкотот и ќе се врати во составот на Ал Наср за следниот натпревар од саудиското првенство.

Легендарниот Португалец изрази незадоволство од начинот на кој се распределуваат парите во саудискиот фудбал со кој раководи инвестицискиот фонд и тоа што неговиот тим остана кус во засилувањата за разлика од главните конкуренти за титула.

Роналдо се побуни и за фактот дека на луѓето вработени во Ал Наср им доцни платата, но со оглед на последните информации се чини дека сите несогласувања се надминати.

Во последните денови актуелна тема беше заминувањето на еден од најдобрите фудбалери во историјата од Саудиска Арабија што би претставувало сериозен удар кон имиџот на растечкото првенство особено ако се земе во предвид дека токму Роналдо беше тој кој го започна бранот на преселба на атрактивни фудбалери во ова првенство.

Се вчитува...