Кај Кристијано Роналдо постои голема незадоволност од начинот на кој Јавниот инвестициски фонд во Саудиска Арабија раководи со неговиот клуб Ал Наср по бомбастичните засилувања кои пристигнаа во конкурентските клубови.
Роналдо веќе бојкотираше еден натпревар во знак на протест па неговата иднина во Саудиска Арабија е доведена под знак прашалник особоено ако судиме по последното соопштение на саудиското првенство.
„Саудиското првенство е структурирана околку единствен принцип: секој клуб работи независно под исти правила. Клубовите имаат свои управи, свои извршни директори и свое фудбалско раководство. Одлуката за носење, потрошување и страгегијата ја носи клубот, во склоп со финансиската граница која е смислена за цел на одржливост и конкурентна рамоправност која поеднакво се применува на целото првенство.
Кристијано од своето доаѓање е потполно ангажиран во Ал Наср и одигра важна улога во растот и амбицијата на клубот. Како и секој елитен натпреварувач, тој сака да победи. Но, ниту еден поединец, без разлика колку е значаен, не носи одлуки надвор од својот клуб“, стои во соопштението.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

