Саутемтптон го направи најголемото изненадување на натпреварите од 16 часот на „Боксинг деј“ во англиската Премиер-лига, совладувајќи го Челси нагости со 0-2. „Светците“ поведоа со 0-1 со голот на Обафеми во 31. минута, резултат со кој се замина на пауза. Во вториот дел сите дилеми околку конечниот резултат ги разреши Редмонд во 73. минута кога го зголеми водството на гостите на 0-2, резултат кој се покажа како конечен.
Артета дебитираше со реми против Бурнемаут нагости (1-1) на клупата на Арсенал. Бурнемаут поведе со голот на Гослинг во 35. минута, а бод за Арсенал спасуваше Обамејанг во 64. минута.
Резултати Англија 19. коло:
Тотенхем – Брајтон 2-1, Бурнемаут – Арсенал 1-1, Челси – Саутемптон 0-2, Кристал Палас – Вест Хем 2-1, Евертон – Барнли 1-0, Астон Вила – Норич 1-0.
Chelsea 0-[1] Southampton | Michael Obafemi 31′ from r/soccer
Chelsea 0-[2] Southampton | Nathan Redmond 73′ from r/soccer
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА