Саутемптон го декласираше Норич со 0-3 во премиерниот натпревар од 30. коло во англиската Премиер-лига. „Светците“ го сруши отпорот на Норич во второто полувреме. Дени Ингс со прекрасен гол донесе водство за гостите од 0-1 во 49. минута. На 0-2 зголеми Армстронг пет минути подоцна, додека конечните 0-3 ги постави Редмонд во 79. минута.
Со оваа победа Саутемптон се искачи на 13. место на табелата со 37. бода, додека Норич останува закован за дното со 21 бод, односно шест бода негатива од местата кои и следната сезона водат во елитното натпреварување.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА