Саутемптон трие раце од Ливерпул: За три години над 200 милиони евра

Рекордниот трансфер на Вирџил ван Дајк од Саутемптон во Ливерпул е вест на денот во фудбалска Европа, продажба со која „светците“ од Саутемптон само ја продолжија својата низа на успешни зделки со челниците на клубот од „Енфилд роуд“.

Имено, во последните неколку години Ливерпул редовно своите засилувања ги „пикираше“ токму од таборот на „светците“, а раководството на Саутемптон знаеше како да го искористи тоа, па одлично заработуваше на овие играчи. Севкупно гледано, со денешниот трансфер на Ван Дајк, Саутемптон во изминатите четири години заработи над 200 милиони евра од продажба на играчи во Ливерпул.

Убедливо највисок во оваа низа е трансферот на Ван Дајк вреден 85 милиони фунти, а зад него се наоѓаат Садио Мане (41 милион евра), потоа Адам Лалана (31 милион), Дејан Ловрен (26 милиони), Натаниел Клајн (18 милиони евра) и Рики Ламберт (5,5 милиони евра).

Блазе си му на Саутемптон со газди како оние на Ливерпул.

Се вчитува...