Саутемтпон му врачи отказ на тренерот после три месеци

После само три месеци, Саутемптон се реши на нова тренерска смена, откако му врачи отказ на Нејтан Џонс. Управата на „светците“ му се заблагодари на Џонс после вчерашниот пораз од Вулверхемптон на домашен терен. „Волците“ до пресврт и триумф дојдоа со играч помалку.

Џонс во текот на сезоната го наследи Ралф Хазенхитл. Ја водеше екипата на 14 меча во сите натпреварувања. На девет меча во Премиерлигата, Џонс претрпе осум порази.

„Клубот сака да ја информира јавноста дека е раскинат договор со Нејтан Џонс. Исто така клубот го напуштаат и помошните тренери Коен и Шихан. Тренерот Рубер Селес ќе ја подготвува екипата за натпреварот со Челси следната седмица“, соопштија од Саутемптон.

Се вчитува...