Саутгејт добива нов договор и поголема плата

Селекторот на фудбалската репрезентација на Англија, Герет Саутгејт, доби понуда за продолжување на договорот со ФА на Англија до 2022 година. Тој ќе добие и значително зголемување на годишната плата, од 2,5 милиони фунти на 4 милиони фунти.

„Знаеме дека не можеме да се натпреваруваме со премиерлигашките клубови кога се во прашање финансиските услови, но горди сме што во моментот го имаме Герет Саутгејт за селектор, и се надеваме дека соработката ќе биде долга и успешна“, изјави Мартин Глен, извршниот директор на ФА на Англија.

Саутгејт на одличен начин ја предводеше селекцијата на гордиот Албион до четвртото место на Светското првенство во Русија. Јавноста ги испрати Англичаните на Мундијалот без некои посебни очекувања, но по добрите игри во првата фаза се создаде еуфорична атмосфера, па дури и нереални очекувања дека „фудбалот ќе се врати дома“. Сепак, трофејот го освои Франција, а Саутгејт и фудбалерите добија комплименти за одличниот настап.

Се вчитува...