Хари Мегваер продолжува да биде во центарот на вниманието на англиската јавност, но не по неговите блескави партии. На социјалните медиуми се почесто се наоѓаат видеа од киксовите на стоперот кои ги чинат Манчестер Јунајтед, но и англиската репрезентација драгоцени бодови.
Неговата минутажа во Манчестер Јунајтед драстично се намали, но селекторот на Англија, Герет Саутгејт не само што верува во својот дефанзивен туку и ја користи својата положба за влијание на минутажата која тој ја има во составот од Манчестер, пренесуваат англиските медиуми. Според Саутгејт, Мегваер и е клучен дел од тимот и треба да има поголема минутажа пред Светското првенство во Катар.
„Знам дека сите говорат дека тој мене ми е важен, но реалноста е дека ни е важен на сите нас. Не само на мене. Зошто постојано му давам шанса? Бидејќи тој ни е еден од најдобрите играчи и со него имаме поголема шанса за победа. На сите ни е потребен Хари Мегваер кој редовно игра и има самодоверба“, изјави селекторот на „Гордиот Албион“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА