Англискиот селектор Герет Саутгејт денеска го соопшти списокот на репрезентативци на кои ќе смета за престојниот квалификациски натпревар против Украина, а потоа и на пријателскиот меч против Шкотска.
Најголемо изненадување е отсуството на Рахим Стерлинг кого го нема во националниот тим, а англискиот селектор ја образложи одлуката.
„Стерлинг нема да биде со нас следните натпревари, затоа што ќе им пружиме шанса на другите да се докажат. Не беше едноставна одлука. Рахим не е среќен поради тоа, и јас го разбирам. Му посакувам да има успешна сезона во Челси“, рече Саутгејт.
Прв избор на Саутгејт во моментов за крилните позиции се Сака и Грилиш, а тука се уште Фоден и Рашфорд.
View this post on Instagram
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА