Саутгејт ќе ја предводи Англија до СП во Катар 2022?

Селекторот на фудбалската репрезентација на Англија, Герет Саутгејт, доби позитивни критики за својата работа и за успесите што ги постигна со селекцијата на гордиот Албион на Светското првенство, иако на крајот заврши на четвртата позиција. Oд Островот доаѓаат информации дека ФА на Англија подготвува нов договор за Герет Саутгејт, според кој стратегот би останал на кормилото на националниот тим до СП 2022 во Катар.

Поранешниот менаџер на Мидлсборо доби шанса на селекторската позиција и ја искористи на најдобар можен начин. Англија прикажа одлични игри на Мундијалот и ги надмина очекувањата од јавноста во својата земја. Тој создаде хармонична атмосфера во репрезентацијата, а тоа придонесе и за одлични резултати.

Се очекува договорот за продолжување на соработката со ФА на Англија, Герет Саутгејт да го добие по завршувањето на Светското првенство во Русија.

Се вчитува...