Саутгејт потпиша нов договор: Чест е да се биде селектор на Англија

Герет Саутгејт ќе остане на клупата на фудбалската репрезентација на Англија најмалку до СП 2022 во Катар, откако денеска потпиша нов четиригодишен договор со ФА. Тој ги освои симпатиите на јавноста на Островот со резултатите на Мундијалот во Русија, по што веднаш беа почнати преговори за продолжување на соработката.

Со овој договор Саутгејт ќе заработува по 3 милиони фунти годишно.

„Чест ми е и задоволство што ќе продолжам да ја извршувам оваа функција бидејќи да се биде селектор на Англија е привилегија со која можат да се пофалат малкумина. Ќе биде одлично да продолжиме да се развиваме и да видиме колку далеку може да стигне оваа млада селекција во годините што следат“, изјави Герет Саутгејт.

Се вчитува...