Саутгејт во мисија да ги опорави Англичаните

Селекторот на англиската фудбалска репрезентација, Герет Саутгејт, по драматичниот пораз на неговиот тим од Хрватска во полуфиналето на Муднијалот во Русија, искрено признава дека никој на Светско првнество не сака да го игра мечот за трето место. „Трите лава“, в сабота ќе треба да соочат со Белгија во дуелот за бронзата.

„Да бидам искрен, тоа е натпревар кој никој не сака да го игра. Имаме два дена да се подготвиме. Секако ќе се обидеме да прикажеме издание за гордост. Секогаш кога се облекува националниот дрес, се игра со гордост и се игра за да се победи. Сепак, ќе биде тешка задача да ги вратам играчите на вистински колосек. Ќе направиме се нацијата да биде горда на нас“ – рече Саутгејт, откако Англија се соочи со неуспехот во полуфиналето.

Англија и Белгија веќе играа меѓусебе во групната фаза на Светското првнество во Русија. Тоа беше меч во кој имаше калкулации околу резултатот поради понатамошниот пат на Мундијалот. Белгијците славеа минимално со 1-0.

 

 

Се вчитува...