Саутгејт го објави списокот на Англија за пресметката со Македонија на „Олд Трафорд“

Селекторот на Англија, Герет Саутгејт го објави списокот на репрезентацијата за јунските натпревари во квалификациите за ЕП 2024. Англија на 19. јуни на „Олд Трафорд“ ја очекува пресметката и со Македонија на патот за ЕВРО 2024.

Нема поголеми изненадувања на списокот на Саутгејт на кој се бројни ѕвезди на англискиот фудбал.

На списокот на англиската селекција се голманите: Сем Џонстон, Џордан Пикфорд и Арон Рамсдејл, во одбраната се повикани Трент Александер-Арнолд, Луис Данк, Марк Гуеи, Хари Мегваер, Тајрон Мингс, Лук Шо, Џон Стоунс, Киеран Трипие и Кајл Вокер, додека во средниот ред: Џуд Белингам, Еберечи Езе, Конор Галагер, Џордан Хендерсон, Калвин Филипс и Деклан Рајс, како и напаѓачите: Фил Фоден, Џек Грилиш, Хари Кејн, Џејмс Мeдисон, Маркус Рашфорд, Букајо Сака и Калум Вилсон.

Натпреварот меѓу Англија и Македонија се игра на 19. јуни на „Олд Трафорд“ со почеток од 20.45 часот.

Се вчитува...