Савевски ги почнува подготовките, објавен списокот на ракометарки за дуелите на Македонија во ЕХФ Еврокупот

Љубомир Савевски, селекторот на женската ракометна селекција на Македонија, го објави поширокиот список за сениорскиот тим во пресрет на ЕХФ неделата во октомври.

„Црвено-жолтите“ ќе играат во ЕХФ Еврокупот, а овде за противници ќе ги имаат селекциите на Црна Гора и Словенија, организаторите на следното Европско првенство кај дамите.

Списокот на Савевски е составен од 35 имиња, кој дополнително ќе биде скратен по првиот дел на подготовките.

Списокот на повикани ракометарки:

Мила Пешиќ (Гутерслох, Германија)
Матеја Серафимова (Егенбург, Австрија)
Јована Мицевска (Ница, Франција)
Наташа Антиќ (Ѓорче Петров)
Марија Јовановска (Куманово)
Јована Саздовска (Дунареа Браила, Романија)
Ивана Арсениевска (Металург)
Наташа Нолевска (Куманово)
Адела Еленин (Деспина)
Сара Миновска (Вардар)
Сара Ристовска (ЦСКА Москва, Русија)
Теодора Дукоска (Чаир)
Марија Гугуљанова (Металург)
Емилијана Ризоска (Феникс АМС)
Сања Дабевска (Дева, Романија)
Ангела Јанкуловска (Ѓорче Петров)
Милица Николиќ (Металург)
Бојана Коцева (Вардар)
Симона Стојковска (Звицкау, Германија)
Марија Јанкуловска (Пелистер)
Ана Марија Коларовска (Ѓорче Петров)
Симона Стојановска (Ѓорче Петров)
Магдалена Тошевска (Вардар)
Ива Младеновска (Металург)
Моника Јанеска (Конијалти, Турција)
Леонида Гичевска (Самбре, Франција)
Елена Ѓорѓијевска (Магура Циснадие, Романија)
Јована Кипријановска (Куманово)
Тамара Ивановска (Куманово)
Александра Коловска (Металург)
Сара Богоеска (Деспина)
Ивана Џатевска (Вардар)
Борјана Коцева (Вардар)
Златица Васевска (Вардар)
Матеа Чурлиновска (Деспина)

За потсетување, Македонија првиот натпревар ќе го одигра на домашен терен во Скопје, на седми октомври со Црна Гора, а три дена подоцна ќе патуваат на гости кај оваа селекција.

Се вчитува...