Реал Мадрид, Барселона, Баерн Минхен… се само дел од клубовите кои се ставија во редот за потписот на Јошко Гвардиол. Хрватот беше „мета“ на најголемите екипи, и се чинеше дека Жозе Мурињо ќе биде најблиску до неговиот потпис, но…
Гвардиол има други планови. Според најновите информации, тој не само што ќе остане во Манчестер Сити, туку и ќе потпише нов договор со „Граѓаните“.
Гвардиол дојде во Сити од Лајпциг. 24-годишникот има договор до 2028 година, а според најновите информации, тој ќе биде еден од главните играчи и под водство на новиот тренер Енцо Мареска, па се очекува наскоро да потпише и нов договор, односно да остане на „Етихад“ до 2031 година.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
