Се е поинаку со Мурињо: Тотенхем го реши Вест Хем

Жозе Мурињо имаше импресивно деби на клупата на Тотенхем, откако под негово водство „спарси“ одиграа одличен меч и заслужено славеа на гостувањето против Вест Хем со 2-3.

Тотенхем целосно доминираше на натпреварот, а отпорот на „чеканите“ го скрши на стартот од првото полувреме, кога Сон најпрвин погоди за 0-1, а потоа и асистираше до Моура за водство од 0-2. На почетокот од вториот дел Хари Кејн зголеми на 0-3, а се што успеа Вест Хем да стори беше почесниот погодок на Антонио. Вториот гол домаќините го постигнаа буквално во последните секунди кога Огбона го најде патот до мрежата на „спарси“.

Следен предизвик за Мурињо ќе биде дуелот од Лигата на шампионите против Олимпијакос, меч на кој „спарси“ имаат можност да го осигураат пласманот во нокаут фазата од елитното европско натпреварување.

Се вчитува...