Се е полесно за Далас со Кајри Ирвинг (ВИДЕО)

Кошаркарите на Далас Маверикс конечно победуваат без Лука Дончиќ, а најголем виновник за тоа е најновата аквизиција Кајри Ирвинг. Токму одличниот бек ги водеше Мавс до победа на гостувањето кај Сакраменто Кингс од 114-122.

Кајри Ирвинг со 25 поени беше најефикасен во таборот на победникот, додека кај поразените недоволни беа 33 поени на Деарон Фокс.

Во останатите натпревари од синоќешната понуда: Детроит – Сан Антонио 138-131, Индијана – Феникс 104-117, Филаделфија – Њујорк 119-108, Бостон – Шарлот 127-116, Торонто – Јута 116-122, Мајами – Хјустон 97-95, Мемфис – Минесота 128-107, Њу Орлеанс – Кливленд 107-118, Портланд – Оклахома 129-138 и ЛА Клиперс – Милвоки 106-119.

Се вчитува...