Се гледа крајот на сагата: Санчо уште во јануари сака назад во Дортмунд!?

Суспендираниот фудбалер на Манчестер Јунајтед, Џејдон Санчо нема намера да му се извини на Ерик тен Хаг за своето однесување, и останува да биде надвор од екипата. Крилниот играч сега е пред заминување од Олд Трафорд, иако тимот на Манчестер за него плати огромно обесштетување на Борусија Дортмунд.

Самиот играч сега сака уште во јануари да се врати во Борусија Дортмунд каде што ги имаше најблескавите партии во кариерата. Меѓутоа постојат неколку проблеми при евентуална реализација на овој трансфер.

Првата и секако најголемата пречка се парите. Манчестер Јунајтед сигурно дека ќе сака да врати дел од парите вложени во него (85 милиони евра во 2021 година), а Борусија Дортмунд нема ниту блиску да плати толкаво обесштетување. Се споменува цифра речиси тројно помала, односно 28 милиони евра.

Втората причина е формата на Санчо, кој од трансферот во Манчестер само уназадува. Дали во Дортмунд ќе биде оној стариот е голем знак прашалник, а третата причина е недисциплината на фудбалерот. Германските медиуми пред неколку дена излегоа со информации дека Санчо често доцнел на тренинзи, играл многу видео игри и се помалку бил концентриран на фудбалот.

Затоа и Борусија Дортмунд веројатно нема да ризикува да го земе во своите редови. Евентуално би можело да дојде на позајмица, со право на откуп на крајот на сезоната, нешто за кое засега тимот од Манчестер не се согласува, а нема да прифати ниту отштета од 28 милиони, колку што се шпекулира дека Борусија би го вратил фудбалерот.

Се вчитува...