Се јави и Балотели: Ех, да играв јас против Македонија…

Италијанците не можат да го преболат поразот од Македонија и неиграњето на претстојниот светски шампионат во Катар. Последен што говореше на оваа тема е Марио Балотели, голгетерот на Аданаспор кој не беше избран од селекторот Манчини за пресметката со Македонија.

„Супер Марио“ во свој стил коментира дека исходот од мечот во Палермо најверојатно ќе беше поинаков доколку тој се најдеше на теренот. Манчини го повика Балотели на тренинг-кампот со 35 фудбалер во базата Коверчијано, но на крајот реши да не го вклучи екс-напаѓачот на Интер, Милан и Ливерпул на својот список за бараж-квалификациите.

„Нема да кријам, боли фактот што не бев повикан од селекторот за средбите со Македонија и со Турција. Светското првенство ќе се одржи во декември и можев да дадам свој придонес, да се пласираме и да бидам дел од тоа големо натпреварување. Го гледав дуелот со Македонија. Јас сум многу опасен пред противничкиот гол, не можам да кажам дека сигурно ќе победевме, но дефинитивно ќе создадевме многу повеќе шанси од она што се случи во Палермо. Впрочем, историјата вели дека селекторите не сметале на мене, па ги претрпеле најболните порази токму на тие средби на кои не сум играл“, изјави Балотели.

Се вчитува...