Се јави и Имобиле: Па не може да сум само јас виновен што загубивме од Македонија

Италијанците се уште не можат да го преболат шокантниот пораз од Македонија во баражот за пласман на СП 2022, а денеска на дускусијата се приклучи и голгетерот Чиро Имобиле.

Токму асот на Лацио беше меѓу најкритикуваните на Апенинскиот полуотров по мечот во Палермо, но Имобиле по денешниот хет-трик против Џенова реши да го искаже своето мислење на оваа тема.

„Нормално дека критиките се дел од спортот, од нашата професија, но се изначитав работи кои немаат врска со вистината. Јас се немам откажано од репрезентацијата, немам донесено никаква одлука, а сега сум фокусиран само на настапите за Лацио. Едно треба на сите да им биде јасно, фудбалот е колективен спорт, и во него се победува и се губи заедно. Па не може само јас да сум виновен што загубивме од Македонија. Сите сме разочарани од она што се случи во квалификациите, но не треба да се покажува со прстот кон еден или двајца фудбалери, бидејќи тоа беше колективен неуспех“, прокоментира Имобиле.

Се вчитува...